Украина распушта една бригада поради предавство на војниците

Од:

Претседателот на украинскиот Парламент Олександр Турчинов денеска соопшти дека 25. воздушно-десантна бригада во Краматорск ќе биде распуштена поради тоа што нејзините припадници вчера им се предале на проруските групи и оти на тие војници ќе им се суди.

– Бригадата, која постапи кукавички и го предаде своето оружје, ќе биде распуштена. Армијата ќе одговара пред суд, рече Турчинов на заседание на Врховната Рада.

Тој додаде дека на Министерството за одбрана и државното обвинителство веќе им се дадени одредени упатства во врска со овој случај.

Во Краматорск и уште неколку градови во источниот дел на Украина, проруските демонстранти заземаа згради на локалните власти и полицијата, а вчера беше јавено и за групи украински војници кои преминуваат на страна на демонстрантите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми