Украина повторно ги отфрли руските тврдења дека Киев ќе користи „валкана бомба“

Од:

Украина го повтори својот повик за развој на систем за противвоздушна одбрана заради одбивање руски ракетни и беспилотни напади, а и како безбедносна гаранција за иднината, јави ДПА.

– Итно е потребна итна испорака на доволен број средства за противвоздушна одбрана за да се одбие „рускиот ракетен терор“, изјави денеска шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак по разговорите со советниците за национална безбедност на САД, Велика Британија и Франција во Киев.

Според Јермак, разговорите исто така продолжуваат во рамки на меѓународна група експерти за тоа како Украина во иднина може да постои како сосед на Русија, со безбедносни гаранции. Системот за противвоздушна одбрана би бил еден елемент од ова, рече тој.

Јермак уште еднаш ги отфрли како неосновани руските обвинувања дека Украина може да користи „валкана бомба“ или радиоактивно контаминирана. Тоа се неосновани обвинувања кои се дел од кампањата за дезинформација на рускиот претседател Владимир Путин против Украина, потенцираше тој.

Украина, исто така, е подготвена да им даде пристап на експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за да можат да се уверат во неоснованоста на обвинувањата.

„Валкана бомба“ се состои од радиоактивен материјал ослободен со конвенционални експлозиви. За разлика од нуклеарната бомба, нема нуклеарна верижна реакција. Русија ги објави обвиненијата во неделата, кои Украина, како и САД, Франција и Велика Британија веднаш ги отфрлија.

Сепак, Русија инсистира дека Украина има таква бомба и сака да ја користи. Во меѓувреме, словенечката Влада на Твитер објави дека фотографијата што ја користи руското Министерство за надворешни работи за „валканата бомба“ е всушност фотографија на Агенцијата за управување со радиоактивен отпад на Словенија (АРАО) од 2010 година и дека не станува збор за валкана бомба.

Од Владата на Словенија појаснија дека фотографијата е користена за професионални презентации за пошироката и заинтересираната јавност како објаснувачки материјал, додавајќи дека на фотографијата всушност се прикажани детектори за чад кои се во општа употреба.

„Тие посочија радиоактивен извор, но не ниту еден од радиоактивните извори наведени во табелата под фотографијата. Фотографијата е објавена без знаење на АРАО“, соопшти Владата на Словенија.

На 24 октомври руското Министерство објави на Твитер дека имаат информации дека две украински организации добиле директни наредби за развој на таканаречената валкана бомба, истакнувајќи дека работата е во завршна фаза. Заедно со текстот, објавена е и придружна фотографија под наслов „Капацитетите на Украина за развој на валкана бомба“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он