Украина почна со изградба на одбранбен систем „Ѕид“ на границата со Русија

Од:

По налог на украинскиот претседател Петро Порошенко, на некои делови на границата меѓу Украина и Русија започна изградба на бетонски ѕидови за разграничување, пренесе ИТАР-ТАС.

Од украинскиот Центар за борба против тероризам соопштено е дека проектот за изградба на ѕид на границата со Русија е започнат со цел зајакнување на мерките на безбедност во пограничниот регион.

Во соопштението се наведува дека во рамки на мерките за безбедност за спречување на влегување на непријателот на украинска територија ќе бидат воспоставени две одрбанбени линии. Од Центарот исто така јавуаат дека на границата со Русија ќе бидат поставени набљудувачки и стражарски кули, светлосни знаци и алармни пунктови, ровови, засолништа и 60 километри ѕид.

Одбранбениот систем на границата е наречен „Ѕид“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми