Украина: Нови жртви меѓу војниците, бројот на бегалците милион

Од:

Во изминатите 24 часа во борбите со проруските сили загинаа 15 украински војници, изјави денеска портпаролот на украинската војска.

Според податоците на Обединетите нации во конфликтот меѓу украинските и проруските сили досега загинаа вкупно 2.600 лица, од кои околу 800 украински војници.

Агенцијата на ОН за бегалци денеска исто така соопшти дека како последица на судирите во источна Украина еден над еден милион лица ги напуштиле своите домови. Од нив 260 илјади се интерно раселени, додека 814 илјади избегале во Русија.

Претседателот на Украина Петро Порошенко вчера изјави дека тој конфликт, кој трае веќе пет месеци, драматично се влошил, откако на проруските сили во борбите им се придружиле руските сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми