Украинските безбедносни сили не ја почитуваат Четвртата Женевска конвенција за заштита на цивили во војна, убивајќи и повредувајќи мирни граѓани за време на борбите со проруските бунтовници, соопшти денеска рускиот Истражен комитет, кој е еквивалент на американскиот ФБИ.
Во соопштението се наведува дека оваа конвенција од 1949 година не ја почитуваат украинските вооружени сили, како и припадниците на Националната гарда и радикалната група Десен сектор, предизвикувајќи смрт на цивилно население.
Русија вчера упати барање до украинската Влада да ја прекине воената акција против проруските сили во источниот дел на земјата и ги повика САД и ЕУ да извршат притисок врз Киев со цел да се „спречи катастрофа“ во оваа поранешна советска република.