Украина – мост меѓу Исток и Запад

Од:

Третиот пат по кој би тргнал Киев може да биде добар пример на финландизацијата: успешно балансирање меѓу спротивставените блокови

Третиот пат по кој би тргнала Украина и кој би значел неприклучување ни на Запад ни на Исток, некаков модерен облик на мирна коегзистенција, се почесто се спомнува како модел кој долгорочно ќе ја запре кризата и крвопролевањето. За таков пристап се употребува терминот финландизација, кој во изворно значење навистина има негативна конотација и означува вазален однос на мала земја кон голема. Во меѓувреме терминот еволуирал и се користи за да се опише успешно балансирање во костецот меѓу спротивставените блокови.

Идејата за финландизација на Украина меѓу првите ја истакна поренешниот американски секретар Хенри Кисинџер. Тој смета дека Украина треба да стане мост меѓу Исток и Запад, а за да биде тоа можно, прво Вашингтон, Брисел и Москва треба да покажат подготвеност за отстапки.

– Западот мора да сфати дека за Русија Украина никогаш неможе да биде само странска земја. Дури и познатите дисиденти Александар Сложењицин и Јозеф Бродски потенцираа дека Украина е интегрален дел од руската историја, а и од самата Русија – пишува Кисинџер. Меѓутоа, тој од Путин бара да го надмине своето недоразбирање на американските вредности и психологијата, и да свати дека секое воено и политичко наметнување ќе доведе до нова студена војна. Условот на сите услови, кој го забележува Кисинџер е Украина никогаш да не влезе во НАТО.

Меѓутоа, колумнистот на Вашингтон пост Дејвид Игњатиус не е толку категоричен по прашањето за членството на Украина во НАТО алијансата и пишува: На украинскиот народ не може да се забрани да бара членство во НАТО или ЕУ, но следните децении целосно е незамисливо едните или другите да им кажат ДА. Поради тоа Путин може да биде мирен.

Меѓутоа, за да биде финландизацијата функционална, неопходно е да се постигне траен консензус околу важни прашања, какво што сигурно е членството во НАТО. Таков единствен став треба да биде резултат на внатрешната политика на земјата макар толку колку што го договараат надворешните силич. Со овој феномен се бавеше и Канцеларијата за историја на Стејт департментот која во неодамна објавената монографија прикажува таков пристап.

– Финската надворешна политика за време на Студената војна, успешно го зачува финскиот територијален и економски суверенитет, со внимателно придржување на неутрален пристап во меѓународните односи.

Меѓу веројатно најмногу спомнувани тези за финландизација на Украина е таа од перото на Збигњев Бжежински, советник на американскиот претседател Џими Картер и еден од главните креатори на американската стратегија во Студената војна. Меѓу другото, тој финландизацијата ја дефинира на тој начин што единствен правец по кој Украина може да тргне е прифаќање на руската доминација.

Реагираше и поранешниот фински амбасадор во Москва и Берлин.
– Финландизацијата или предизвикот за преживување на мал народ во сенка на поголем може да послужи како инспирација за Украина, но не функционира на начин на кој мисли Бжежински – пишува во Њујорк тајмс амбасадорот Рене Ниберсепт.

За него финландизација не е синоним за капитулација, туку модел за однесување во асиметричен однос на силите.

– Финска беше далеку од вазал на Советскиот Сојуз. Ја задржавме демократијата, воената одбрана со низок интензитет и пред се, ориентација кон Западот. Вистинската приказна за финландизација е дека успеавме сето тоа да го направиме.

Финска не е членка на НАТО и во обични околности поддршката на граѓаните за влез во Алијансата изнесува околу 20 отсто. Меѓутоа, новонастанатите околности го менуваат тој тренд, а посебно на тоа влијаеше неодамнешната посета на еден руски политичар на Хелсинки, кој отворено порача дека Русија никогаш нема да дозволи влез на Финска во НАТО. Кај граѓаните заканата предизвика контра ефект, па се очекува на пролетните избори во Финска една од насоките на политичката кампања да биде токму интеграција во Алијансата.

Ако таа опција победи, тогаш не би имало потреба да се распишува референдум за членство во НАТО.

Можеби најважно прашање е дали Украина навистина има капацитет да игра на картата финландизација како што тоа го можеше Хелсинки.

На листата на забелешки се нестабилноста, корупцијата и сиромаштијата. БДП на Финска по глава на жител е над 47.000 долари, додека во Украина е под 4.000. Финска е трета најмалку корумпирана земја на планетата, додека на истата листа од 177 земји, Украина го зазема 144 место.

Конечно и финландизацијата има цена. Финска своевремено мораше да отстапи дел од територијата на Советскиот Сојуз.

Политика – Белград

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми