Украина ќе наложи санкции на руски државјани и компании

Од:

Украина ќе наложи санкции на руски граѓани и компании, кои директно или индиректно ги поддржуваат „терористите“, изјави премиерот Арсениј Јацењук, јави ИТАР-ТАСС.

Станува збор за руски функционери и компании, кои ги поддржуваат сепаратистичките Луганска народна република и Доњецка народна република.

Јацењук истакна дека наложил да биде формирана комисија, која за десет дена ќе предложи список на лица и компании, кои ќе бидат опфатени со ограничувачките мерки.

Тој истакна дека станува збор за список со индивидуални санкции врз физички лица, функционери на Руската федерација, како и за санкции врз одделни компании.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми