Украина избира нов претседател

Од:

Триесет и пет милиони жители на Украина со право на глас денеска избираат нов претседател на земјата меѓу 21 кандидат, од кои шестмина се сметаат дека имаат најголеми шанси за победа.

Главни фаворите се независниот кандидат Петро Порошенко, кој е подржан од партијата УДАР на Виталиј Кличко, потоа поранешната премиерка Јулија Тимошенко од партијата Татјковина и пратеникот Серхиј Тихопко од Партијата на регионите.

Аналитичарите проценуваат дека Порошенко би можел да победи уште во недела имајќи предвид дека многумина во сепартистичкиот регион Донбас нема да гласаат, што дополнително ги зголемува неговите шанси да биде избран за претседател во првиот круг.

Според аналитичарите, главни дилеми во пресрет на овие избори е дали тие би можеле да завршат уште во првиот круг, дали Москва ќе ги признае резултатите и дали тие ќе придонесат за стабилизација или уште повеќе ќе ја дестабилизираат состојбата во земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека Москва ќе ги признае резултатите од претседателските избори во Украина. Путин, меѓутоа, изрази загриженост од условите, во кои ќе се одржат претседателските избори.

Началникот на одделот за јавна безбедност при украинското МВР вчера изјави дека најмалку половина од изборните реони во источниот дел на Украина не можат да се подготват за утрешните претседателски избори.

Седумнаесет од 34 регионални изборни комисии во Доњецката и Луганската област не работат, затоа што нивните централи се или заземени, или блокирани од вооружени лица, додаде изворот.

Проруски бунтовници контролираат делови од Украина веќе неколку седмици. Откако прогласија независност порано овој месец, тие ветија дека ќе го спречат гласањето, бидејќи го гледаат како избори „во соседна земја“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми