Украина избира: Гласањето ќе го следат 2.784 набљудувачи, 19 од МОСТ

Од:

Украина утре избира нов претседател . Гласањето во недела ќе покаже дали кризата ќе се смири или ќе значи ново разгорување на немирите.

Во рингот влегоа 17 кандидати. Главен фаворит е познатиот магнат Петро Порошенко, кој е поддржан од партијата УДАР на Виталиј Кличко. Во игра е и поранешната премиерка Јулија Тимошенко од партијата Татковина и пратеникот Серхиј Тихопко од Партијата на регионите.

Ukraine-Presidential-Election

Ситуацијата во Украина од час во час се менува. На едниот крај е мирно, како да ќе нема избори, скоро и да нема изборна кампања. На истокот врие. Убиства, пукање, напнатост.

Од новоформираната Доњецка народна република велат дека нема да дозвола одржување на украинските претседателски избори на своја територија.

Меѓународната заедница со внимание ги следи настаните и го очекува исходот од изборите.

poroshenko_chocolate_yulija

Меѓународните набљудут вачи, вкупно 2.784 ќе ја следат атмосферата и законитоста на гласањето и сумирањето на резултатите. Европската мрежа ENEMO има акредитирано 382 набљудувачи, од нив Граѓанската асоцијација МОСТ има 16 краткорочни набљудувачи, распоредени во неколку градови, заменик шеф на мисијата, еден долгорочен набљудувач и еден статичен кој ги обработува резултатите добиении од набљудувањето на изборниот ден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми