Украина формира бригада за заштита на областа Буковина од Романија

Од:

Нова бригада се фомира во Буковина за заштита од можни претензии на Романија врз овој регион, јави ТАСС, повикувајќи се на изјава на началникот на оперативната команда „Запад“ полковник Виктор Кевлок и идниот командир на бригадата подполковник Василиј Зубанич.

Изјавата е дадена пред новинари во Ивано-Франковск, град во југозападниот дел на Украина.

Министерот за одбрана на Украина донел одлука за формирање на нова планинска оперативна бригада под број 10. Зоната на нејзино распоредување е Коломија. Главна цел на создавањето на бригадата е заштита од хипотетички територијални претензии врз Буковина од страна на Романија.

Спроед планот формирањето на единициата треба да заврши до 30 октомври.

Регионот Буковина моментално е поделен на два дела. Јужниот потпаѓа под управа на Романија, а северниот на Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми