Украина: Двајца руски новинари осомничени за тероризам

Од:

Двајцата руски новинари, уапсени од украинските сили за безбедност во близина на градот Краматорск, во Доњецката област, се осомничени за тероризам, објави денеска на „Фејсбук“ профилот заменикот претседател на Советот за национална безбедност и одбрана Викторија Сомар, пренесува ИТАР-ТАСС.

Според Сомар новинарите од телевизијата „ЛајфЊуз“ Олег Сидкин и Марат Сајченко се дел од терористичка група. Во моментот органите за спроведување на законот прават „соодветни заклучоци“ за руските новинари на украинска територија, истакна Сомар.

Амбасадата на Русија во Киев денеска изјави дека постојаните прогонувања на руски новинари во Украина се напад врз слободата на говорот и побара итнo ослободување на Сидкин и Сајченко.

Последен пат двајцата новинари контактирале со своите редакции вчера.

Во Москва рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика за итно ослободување на двајцата новинари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми