Украина: Бројот на жртвите од студот се искачи на 83 лица

Од:

Во Украина од студ починаа 83 луѓе, изјави денеска советникот на министерот за здравство Владимир Јурченко, на седницата на владиниот штаб за координација на дејствувањето во вондредни ситуации.

Јурченко посочи дека 11 луѓе починале во болница, 57 на улица, а 15 во нивните домови.

Во меѓувреме украинското Минисетрство за вондредни ситуации отвори 1.500 затоплени прифатилишта, каде во последните денови помош добиле повеќе од 2.200 луѓе.

Украина цела недела е зафатена од студен бран, а во некои источни реони температурите се спуштија до минус 28 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Индепендент: Таен план на Меркел и Путин за Украина

А1он