Слика за која се верува дека е на францускиот импресионист Пјер Рогис Реноар, непозната жена ја купила на пазар за стари работи пред две години за само седум долари. Денес за истата слика се верува дека е украдена во 1951 година од Музејот за убави уметности во Вашингтон.
Сликата „Пејзаж од обалата на Сена“ жената ја купула на пазар во Западна Вирџинија, по што ја однела во аукциската куќа „Потомак“ каде експерите потврдиле дека станува збор за Реноар. На рамката на сликата стоела метална плочка со името на авторот.
Аукциската куќа „Потомак“, која го ставила делото на аукција, морала да го откаже по пријавата на репортер од „Вашингтон пост“ кој нашол документ во библиотеката на Музејот кој ја потврдува автентичноста на сликата. Се очекувало на аукцијата сликата да достигне цена од 75.000 долари.