Убиени 16 сириски војници

Од:

Шеснаесет сириски војници загинаа утринава во судирите со бунтовниците во провинцијата Алеп, во северна Сирија, објави организацијата за човекови права.

Оваа организација, чие седиште е во Лонцон, исто така забележува дека „одреден број на војници” дезертирале во регионот по бунтовничкиот напад врз ескадрилата. Бунтовниците заплениле и многу оружје, се наведува во соопштението.

Aлеп е втора по големина провинција во Сирија. Долго време е надвор од бунтот што започна во март 2011 година, но потоа постепено се вклучи под влијание на студентите.

Илјадници луѓе, речиси секојдневно протестираат во Алеп и околината и бараат разрешување на режимот.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад