Убиен снимател на сириската телевизија ал Ихбарија

Од:

Продолжува серијата на настрадани новинари во Сирија – Според најновите информации убиен е Мохамед ал-Ашмар, снимател на сириската телевизиска станица Ал Ихбарија. АФП објави дека тој бил убиен во источната провинција Деир ал-Зур.

Прес ТВ пренесува дека тој погинал за време на снимањето на судирите меѓу сириската армија и вооружените бунтовници. Да потсетиме, ова не е прв напад врз оваа Сириска ТВ куќа – во јуни оваа година беше нападнато седиштето на ТВ станицата, кога тројца новинари беа убиени, а зградата беше целосно уништена. Сириските новинари се честа цел на терористички напади и киднапирања.

Кон крајот на минатиот месец, снајперист во Дамаск го уби сирискиот новинар Маја Насер, кој работеше за иранската Прес ТВ.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад