Убиен поради сексуална определба

Од:

Заменик директор на локален аеродром на Камчатка е претепан до смрт поради тоа што бил хомосексуалец, пренесуваат руските медиуми.

За помалку од еден месец ова е втор случај на хомофобичен напад со фатален исход.
Триесет и деветгодишниот маж во село Запорожје, на полуостровот Камчатка бил нападнат со ножеви од три момчиња негови соседи.

–Од добиените повреди, жртвата почина на местото на настанот. Осомничените се обиделе да го прикријат злосторството така што телото го ставиле во автомобил, истуриле бензин и го запалиле – стои во соопштението на полицијата во кое се наведува дека мотив за нападот била нетрадиционалната сексуална ориентација на жртвата. Напаѓачите на возраст од 18 до 25 години се приведени.

Геј активистот Николај Алексеев оцени дека насилството е директна последица на хомофобичните изјави на политичките лидери на Русија и додаде дека таквата реторика е неприфатлива.

Русија во 1993 година ја укина хомосексуалноста како кривично дело, но хомофобијата и понатаму е распространета и општествено прифатлива.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Руските трупи го гаѓаа Харков со балистичка ракета

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Горан Наумовски

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски