Убиен Палестинец кој фрлал „молотови коктели“ врз автомобили во израелска населба

Од:

Израелски војници застрелаа и убија Палестинец кој вчера фрлал „молотови коктели“ врз автомобили во близина на еврејска населба на Западниот брег.

Палестинската канцеларија за врски потврди дека еден маж е убиен, а војниците уапсиле уште еден Палестинец, без да соопштат повеќе детали.

Армијата објави на Твитер дека двајцата осомничени фрлиле „молотов коктел“ на патот што води кон израелска населба во близина на палестинскиот град Витлеем, загрозувајќи ги возачите.

– Војниците кои се наоѓале во близина дејствуваа за да ја спречат заканата, соопшти израелската армија, додавајќи дека отвориле оган врз двајца мажи.

Еден од двајцата бил повреден и му била укажана лекарска помош на местото на инцидентот, но им подлегнал на повредите, додека другиот маж бил уапсен, соопшти израелската војска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел со проектили ја погоди главната болница во Газа

ВИДЕО: Хамас објави видео од израелскиот заложник што го држи во Газа 551 ден

Левица: Албанските партии пет месеци ја блокираат Декларацијата за признавање на Палестина

ВИДЕО: Трамп повторно зборува за Газа како „неверојатно вреден недвижен имот“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски