Убиен е син на израелски министер

Од:

Синот на израелскиот министер без ресор и поранешен началник на армијата Гади Ајзенкот е убиен во борбите во Појасот Газа, изјави денеска лидерот на Партијата за национално единство, Бени Ганц.

Израелската армија не соопшти конкретни детали за смртта на Гал Ајзенкот (25), освен дека тој бил убиен во борби во северниот дел на Појасот Газа, објави Ројтерс.

„Заедно со целиот Израел, ја испраќам мојата поддршка до Гади и целото негово семејство. Сите ние сме посветени да продолжиме да се бориме за светата кауза за која умре Гал“, рече Ганц.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати телеграма со сочувство на Гади Ајзенкот. Ајзенкот и Ганц ѝ се придружија на владата веднаш откако Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас