Убиецот на критичарот на Кремљ, Борис Немцов ослободен од затвор за да се бори во Украина

Од:

Човекот осуден за убиство на рускиот опозициски политичар Борис Немцов е ослободен од затвор откако потпишал договор за приклучување во воена операција во Украина, објавија државните новински агенции ТАСС и РИА Новости.

Немцов, критичар на претседателот Владимир Путин и поранешен вицепремиер на претседателот Борис Елцин, беше убиен во 2015 година додека се движеше по мост во близина на Кремљ во срцето на руската престолнина.

Во 2017 година, рускиот суд осуди пет мажи на затворски казни од 11 до 20 години за неговото убиство. Меѓу нив бил и Тамерлан Ескерханов, кој како соучесник е осуден на 14 години затвор.

„Ескерханов потпиша договор со Министерството за одбрана во март 2024 година, беше помилуван, а потоа ослободен од казнената колонија“, соопшти ТАСС, цитирајќи извор од агенциите за спроведување на законот.

„Тој отиде во една од јуришните единици и сега извршува борбени задачи во зоната на специјални воени операции“, додаде тој.

Тој додаде дека останатите осуденици за убиството на Њемцов се уште се во затвор бидејќи одбиле да склучат договори со војската.

Би можело да ве интересира

Руската опозиција со собир ќе ја одбележи годишнината од убиството на Борис Немцов

Конгресот изгласа резолуција за санкции по повод убиството на Борис Немцов

Марш во сеќавање на Борис Немцов во Москва