Убедливо водство на парламентарните избори во Грузија на владејачката партија

Од:

„Грузиски сон“, владејачката партија во Грузија, убедливо води со 49.95 отсто од гласовите на парламентарните избори, кои се сметани за тест на политичка стабилност во земјата, покажуваат резултатите по преброени 72,4 отсто од гласовите.

Опозициското „Обединето национално движење“ доби поддршка од 26,63 проценти од избирачите на изборите одржани вчера, покажуваат податоците добиени од Централната изборна комисија.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска соопшти дека парламентарните избори во Грузија биле конкурентни и дека основните слободи главно биле почитувани.

ОБСЕ во голема мера изборите позитивно ги оцени, но предупреди на тврдењата за незаконско водење на кампања, насилни инциденти и одделни процедурални проблеми при пребројувањето, обвинувајќи одделни медиуми дека не давале исто простор на сите учесници во изборите.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија