Големо количество дрога, вклучително и 4,5 милиони апчиња фентанил, е запленета за време на голема полициска акција во Аризона при која беа уапсени повеќе од 150 членови на картелот Синалоа.
Американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) заплени 35 килограми хероин, шест тони метамфетамин, 66 килограми фентанил во прав, а запленето е и поголемо количество оружје.
Полицијата проценува дека вкупната вредност на одземената стока е 13 милиони долари.
Оваа акција беше спроведена по истрага за опсада која траеше три години.
„Сакам да бидам кристално јасен. Оваа дрога што е во оваа соба доаѓа од едно зло, а тоа е картелот Синалоа. Ќе ги победиме, нема да застанеме тука“, рече агентот на ДЕА.
Картелот Синалоа, чие седиште е во мексиканскиот град Кулијакан, беше предводен од озлогласениот мафијашки бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман до неговото апсење во 2019 година.
„Наркокартелите ставаат фентанил во сите нивни нелегални дроги, како кокаин, метамфетамин, хероин, кои потоа го маскираат за да изгледаат како легитимни фармацевтски апчиња. Тоа е измама, тоа е измама, тоа е смрт“, рече специјалниот агент.
Според Центрите за контрола на болести, имало над 106.000 смртни случаи од предозирање со опиоди во САД во 2021 година.
Од 50 милиони дози фентанил запленети во САД минатата година, половина од нив беа пронајдени во Аризона.