Полицијата во Москва приведе 25 противници на претседателот Владимир Путин кои се обидоа да одржат протестен собир поради ограничување на слободата на собири.
Меѓу приведените е и опозиционерот и писател Едуард Лимонов и неколкуте негови приврзаници, кои со развиорени транспаренти се собраа на московскиот плоштад, без официјална дозвола да одржат собир на тоа место.
Партијата на Лимонов „Друга Русија“ соопшти дека се приведени 20 лица, додека агенцијата „Интерфакс“ го објави извештајот на полицијата во кој стои дека се приведени седуммина.
Веќе неколку години активистите се обидуваат да одржат протести последните денови во месеците кои имаат 31 ден, за да го привлечат вниманието, поради гушење на слободата за собири, пренесе „Ројтерс“.
Правото на собири е загарантирано со членот 31 на рускиот Устав, но активистите тврдат дека владата го прекршува, барајќи од организаторите за собирите да имаат официјални дозволи кои најчесто не ги добиваат.
Елена Георгиевска