Уапсени 25 корисници на „Твитер“ под сомнеж за поттикнување на протестите во Турција

Од:

Вкупно 25 корисници на социјалната мрежа „Твитер“ се уапсени во Турција под сомнеж дека поттикнуваат немири и шират пропаганда за време на антивладините протести низ земјата, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Деветмина од уапсените се од градот Измир. Како што пренееа ДПА, не е познато кои точно коментари на социјалната мрежа се причина за апсењата.

Уапсените се обвинети за користење на „Твитер“ за организирање на протести и привлекување на учесници на протестите.

– Ако тоа е престап, тогаш сите ние сме го направиле, изјави Але Енгин, локален претставник на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) во Измир.

Според друг член на опозицијата, нема ништо скандалозно во пораките објавени на „Твитер“. Полициската операција е спроведена истовремено на 38 различни локации, откако биле утврдени АЈ-Пи адресите. Полицијата продолжува со потрагата по лица обвинети за организирање на протестите.

Протестите продолжуваат и денеска во Истанбул, откако ноќта беше проследена со судири во неколкуградови низ Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција