Уапсен украински заменик министер, осомничен за примање мито

Од:

Заменик-министерот за инфраструктура на Украина, Васил Лозински, беше уапсен под сомнение за проневера на средства наменети за обновување на оштетената инфраструктура во земјата.

Во Министерството за одбрана започна внатрешна ревизија откако медиумите открија дека наводно бил склучен договор со „напумпани“ цени.

„Кабинетот на министри на Украина нареди В.М. Лозински да биде разрешен од функцијата заменик министер за развој на заедниците, териториите и инфраструктурата на Украина“, напиша украинскиот премиер Денис Шмигал на Телеграм.

Истрагата на Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) откри дека проневерените јавни средства биле наменети за алтернативни извори на енергија во текот на зимските месеци, објави Си-Ен-Ен. Украинското Министерство за инфраструктура го потврди апсењето на Лозински на својата официјална страница на Фејсбук.

Според НАБУ, Лозински е обвинет и за примање мито од 400.000 долари. Се сомневаат дека примил пари за да го олесни потпишувањето договори за набавка на опрема и агрегати по „напумпани“ цени.

Од НАБУ велат дека минатото лето биле доделени околу 49 милиони долари за да се обезбеди населението со алтернативни извори на енергија, топлина и вода во зима поради ситуацијата предизвикана од уништувањето на критичната инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Зеленски му честиташе на Трамп

Севернокорејски војници се судрија со Украинците во Русија, пренесува Њујорк Тајмс

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев од различни правци со беспилотни летала, oштетени згради и далноводи

Катерина Ѓуровски

Украинците ги чекаат иборите во САД во страв дека Трамп ќе ги напушти

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски