Турската полиција уапси 11 лица во врска со убиството на Американката, која пред речиси две недели исчезна во Истанбул, соопшти полицијата.
Телото на 33-годишната Сарај Сиера, американска државјанка која се наоѓала во посета на Истанбул, е пронајдено во историскиот кварт Фатих.
Полицијата меѓутоа, не ја исклучува можноста дека телото е преместено од некоја друга локација.
– Потврдено е дека починала од повреди на главата, рече денеска шефот на истанбулската полиција Хусеин Чапкин, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат изнесени по завршување на истрагата.