Турција: Разменети се 26 затвореници од седум земји, меѓу кои и Гершкович

Од:

Турската Национална разузнавачка организација (МИТ) ја предводеше успешната размена на 26 затвореници во седум земји, една од најголемите операции за размена во последниве години.

Разменети се вкупно 26 лица кои со седум авиони беа превезени во Анкара – по еден од Германија, Полска, Словенија, Норвешка, Русија и двајца од САД, наведува Anadolu Agency, повикувајќи се на безбедносни извори. Во размената е вклучена и Белорусија.

Десет заложници, меѓу кои и две деца, биле префрлени во Русија, додека 13 биле испратени во Германија и тројца во САД, јавува Anadolu.

Изворите велат дека операцијата, која се издвојува како најобемна меѓу САД, Русија и Германија во поновата историја, била олеснета од МИТ, која воспоставила клучни канали за дијалог.

Меѓу разменетите затвореници се и новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершковиќч и американскиот маринец Пол Вилан, кои беа затворени во Русија, објави Ројтерс.

Гершкович беше уапсен во март 2023 година и осуден на 16 години затвор со максимална безбедност поради шпионажа.

Темата за можната размена на Гершкович беше покрената во интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот новинар Такер Карлсон – рускиот претседател спомна човек кој „од патриотски причини елиминирал бандит во една од европските престолнини“.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Солзи и прегратки: Русија и Украина разменија 115 воени затвореници

A1on

Трамп му честиташе на Путин за размената на затвореници

A1on

(ВИДЕО) Новинарот Гершкович е слободен

Горан Наумовски

Во тек е најголемата размена на затвореници меѓу САД и Русија од Студената војна

Русија ослободи двајца државјани на САД, на слобода се новинарот Гершкович и маринецот Вилан

Горан Наумовски

Рускиот суд ја одби жалбата на американски новинар кој е во руски затвор поради шпионажа