Телото на Американката исчезната пред 12 дена во Истанбул, беше пронајдено во историскиот дел на населбата Фатих во истиот град.
Како што дознава агенцијата Анадолија од полициски извори, безживотно тело на жената беше пронајдено во истанбулската населба Фатих, а се работи за државјанка на САД, Сарај Сиера, која исчезнала во турската метропола пред 12 дена.
Полицијата претпоставува дека Американката е убиена, а истрагата е во тек.
До телото е пронајдена возачка дозвола на име Сарај Сиера, а полицијата не ја исклучува можноста дека телото на жената по убиството е преместено на локацијата каде што е пронајдено.
Според првичните информации, истанбулската полиција привела девет лица осомничени за поврзаност со случајот.