Турција го завршува дизајнот на првиот авион ловец од домашно производство, кој ќе почне да се произведува до 2023 година, кога Републиката одбележува 100 години од формирањето, објави турскиот весник „Заман“.
Во текот на неделата во одделението за одбранбена индустрија при Министерството за одбрана ќе бидат презентирани три варијанти на турскиот ловец, од кој еден треба да биде избран.
Турскиот авион ловец ќе биде карактеристичен по тоа што ќе биде невидлив за радарите.
Покрај тоа авионот ќе има два мотора, со што ќе се обезбеди поголем број часови на летање и поголема висина.
Турската одбранбена индустрија во изминатиот период се насочи кон сопствено производство.