Турција планира да ги зголеми казните за секуално насилство врз деца. Министерствата за правда и за семејство и социјална политика подготвија заеднички проект, кој предидива максималната затворска казна за сексуалните злосторници врз деца да биде зголемена на 18 години.
Во случај кога жртвите на сексуално насилство се повредени, казната се зголемува за 50 отсто. Со овој предлог на министерствата се отвара патот за хемиска кастрација на педофилите.
Изработката на проектот, кој следните денови ќе му биде предаден на Министерскиот совет, траеше една година.
Новиот нацрт-закон за сексуално насилство врз деца повторно стана актуелен по случајот во Ѓолџук, во западна Турција, каде 29 мажи, меѓу кои и еден полицаец беа уапсени поради групно силување на 13-годишно девојче.