Турција денеска го празнува националниот празник Денот на независноста и празникот на децата. Празникот е прогласен во 1935 година од основачот на турската република Мустафа Кемал Ататурк, кој го посветил на турските деца и на децата во целиот свет, под мотото „мир во татковината и мир во светот.
Дваесет и трети април е празник и на Големото национално собрание на Турција, кое е отворено на тој датум пред 93 години.
Претседателот на Парламентот, Џемил Чичек во празничната порака нагласи дека преминувањето кон парламентарна република е пресвртен момент во националната историја на Турција.
Тој го посочи и значењето, кое Ататурк му го давал на турскиот Парламент, велејќи „Тоа е мојата најголема творба за независноста и за индината на Анадолија“.