Турција го отповика својот конзул од сирискиот град Алепо

Од:

Турција го отповика својот конзул од сирискиот град Алепо, каде се водат борби меѓу бунтовниците и силите на претседателот Башар ал Асад, изјави претставник на турското Министерство за надворешни работи.

Ваквата одлука е донесена поради контраофанзивата на сириските безбедносни сили, преземена по бомбашкиот напад минатата недела, во кој беа убиени членови на сириската Влада.

Конзулот Аднан Кечеџи утрово веќе пристигнал во Турција и ќе учествува во консултации за ситуацијата во Сирија.

Турција претходно го повлече и персоналот од амбасадата во Дамаск.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад