Турција го критикува американскиот државен секретар

Од:

Турција денес го искритикува американскиот државен секретар Џон Кери, поради тоа што јавно му порача на турскиот премиер Таип Ердоган во мај да не оди во појасот на Газа.

Ердоган имаше намера по посетата на Вашингтон да ја посети и Газа.

Меѓутоа Кери на конференцијата за медиумите во Истанбул, го повика Ердоган да ја одложи посетата на Газа, бидејќи не е вистинското време за тоа.

Заменикот на турскиот премиер Булент Аринц денес изјави дека изјавата на Кери е дипломатски проблематична.

Според зборовите на Аринц, на турската влада е да одлучи што ќе направи и дека на неговата држава не и се потребни дозволи од никого.

Заменикот на премиерот исто така истакна дека датумот за посета на Газа се уште не е одреден.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски