Турчинов: Путин зборува за мир, а поттикнува насилство

Од:

Вршителот на должноста украински претседател Александар Турчинов денеска изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин се однесува „бесрамно“, бидејќи официјално повикува на мир во Украина, а во исто време поттикнува насилство со испраќање војници во Доњецк.

– Пред само еден ден рече дека ќе сторат се за мирот и мирно решавање на проблемот… и уште не го заврши својот говор дојде до неколку пробивања на границата со Русија во регионот на Луганск, изјави Турчинов при гостувањето на првата програма на украинската државна телевизија.

Тој нагласи дека на вчерашниот Ден на победата над фашизмот, украинската Влада ја запрела „антитерористичката операција“ против проруските сепаратисти на истокот од земјата, со цел на ветераните од Славјанск да им овозможи мирно да го прослават празникот, додека руските власти, според него, „им дале инструкции на екстремистите да ја дестабилизираат состојбата во Мариупољ“.

– Знаете дека терористите – сепаратисти го нападнаа седиштето на Министерството за внатрешни работи во Мариупољ и дека имаше жестоки судири и жртви. Со други зборови тие не се воздржуваат од ништо, нагласи Турчинов.

Според него, цел на сепаратистите не е да се извршат промени на нивната уставна положба, туку да се дестабилизира состојбата во Украина.

Во исто време, во коментар на неговата интернет страница Турчинов ги предупреди руските сепаратисти дека одржувањето на референдумите за „сувереност“ на Доњецк и Луганск, најавени за утре, ќе ги одведе кон „самоуништување“.

– Не сфаќаат дека (прогласувањето независност) ќе значи целосен крах на економијата, социјалните програми и целиот живот на мнозинството жители во тие региони, тврди Турчинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми