Турчинов повторно ја воведе воената обврска

Од:

Вршителот на должност претседател на Украина Олександр Турчинов повторно со декрет воведе воена обврска, поради влошената ситуација на истокот и на југот на земјата.

Турчинов во средата призна дека државните сили се беспомошни да се изборат со немирите во некои области, истакнувајќи дека сега целта е да се спречи нивно натамошно ширење.

Украина ја обвинува Русија за организирање на заземањето на бројни јавни згради на истокот на земјата, што Москва го негира.

Во близина на украинската граница, според некои проценки се стационирани околу 40.000 војници, а Турчинов напоменува дека Украина е „во целосна борбена готовност“, стравувајќи од руска инвазија.

Киев го укина задолжителниот воен рок за младите мажи на крајот на 2013, врз основа на закнот што го предложи тогашниот претседател Виктор Јанукович.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми