Турчинов: Многу жители во источна Украина ги поддржуваат сепаратистите

Од:

Ситуацијата во Доњецката и Луганската област драстично се разликува од состојбата во другите региони на Украина, бидејќи тамошните жители ги поддржуваат проруските сепаратисти, изјави синоќа украинскиот времен претседател Олександар Турчинов.

– Да зборуваме чесно, жителите на овие области ги поддржуваат сепаратистите, што значително го усложнува спроведувањето на казнените операции, изјави Турчинов за една локална телевизија.

Според Турчинов, како што јави ИТАР-ТАСС, дури и некои претставници на безбедносните органи во овие области „имаат симпатии кон сепаратистите“.

На пример, некои службеници на поранешните специјални единици „Беркут“, кои останале на работа во украинското Министерство за внатрешни работи „сега не ги исполнуваат поставените задачи“, забележа тој. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми