Турчинов ја уверил Меркел дека Киев прави се што е можно за стабилизирање на ситуацијата во Источна Украина

Од:

Украинскиот претседател Олександр Турчинов ја уверил германската канцеларка Ангела Меркел дека украинските власти прават се што е неопходно, за да ја стабилизираат ситуацијата во источниот дел на земјата, соопшти украинскиот Парламент.

Турчинов истакнал пред Меркел дека Киев е подготвен да разговара со тие луѓе на исток, кои се подготвени да ја разгледаат својата позиција, но дискусиите со оние, кои го креваат оружјето врз граѓаните на Украина се невозможни.

Турчинов посочил дека се подготвува промена во Уставот на Украина, што предвидува чекори кон децентрализација на власта и давање повеќе самостојност на украинските области.

Тој додал дека антитерористичката операција на исток, е поврзана со стремежот на Киев да гарантира безбедност на граѓаните и да не се дозволуваат жртви меѓу цивилното население.

Меркел му кажала на Турчинов дека Берлин целосно ја поддржува Украина и е подготвен да помогне за уредување на кризата во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми