Турчинов бара реактивирање на „антитерористичките операции“

Од:

Претседателот на Врховната рада и в.д. шеф на државата Олександр Турчинов побара денеска од безбедносните структури да ја обноват „антитерористичката операција“ на истокот на Украина, бидејќи „терористите демонстрантивно ги занемариле Женевските договори“.

– Барам од безбедносните структури обновување и спроведување ефикасни антитерористички активности, насочени на заштита на украинските граѓани кои живеат на истокот на Украина од терористите, рече Турчинов.

Според него, „терористите, кои го држат како заложник целиот Доњецки регион, ја преминаа границата“, така што „почнаа да мачат и убиваат патриотите на Украина“.

– Тие дрско упатија предизвик не само на нашата држава, туку и на целата меѓународна заедница, кога демонстративно ги прекршија одлуките донесени во Женева, рече Турчинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми