Вршителот на должност претседател на Украина, Олександар Турчинов изјави дека ќе продолжи антитерористичката операција (АТО).
-За да се спротивстават на криминалните акции, властите ќе продолжат со антитерористичка операција, со цел да се заштитат животите и здравјето на нашите граѓани-рече тој.
Според неговите зборови, денес ситуацијата во северниот регион на Луганска, во западниот Донбас и на југот на регионот Доњецк е стабилизирана.
Вршителот на должноста претседател на Украина истакна дека во регионот Доњецк и Луганск продолжуваат акциите на многубројните терористички групи, кои убиваат, злоставуваат и киднапираат граѓани.
Е. Г.