Турчинов: Активностите на проруските бунтовници во Источна Украина ставаат крај на договорот од Женева

Од:

Активностите на проруските бунтовници во Источна Украина ставаат крај на договорот од Женева, што требаше да доведе до намалување на тензиите во Украина, изјави вршителот на должноста претседател на Украина Олександар Турчинов пред американскиот потпретседател Џо Бајден.

Наместо да се резоружаат и да ги ослободат окупираните административни згради, сепаратистите ја заземаа зградата на полицијата и го заробија началникот на полицијата во Краматорск, што става крај на Женевскиот договор, изјави Турчинов.

За жал Русија и нејзините терористички делови во Украина отворено одбиваат да го исполнат постигнатиот во Женева договор, потпишан на 17 април од Украина, Русија, САД и ЕУ, истакна тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми