Тунелот под Ламанш повторно затворен

Од:

Железничкиот сообраќај под каналот што ја поврзува Велика Британија со остатокот на Европа е запрен денеска поради дефект на електричните инсталации, соопшти управата на Евростар, компанија која е сопственик на супербрзиот воз на линијата Брисел-Париз-Лондон.

Тунелот е затворен во двата правци, така што единаесет возови на оваа линија не тргнале на одредиштата.

Ова е вторпат по ред да дојде до големо нарушување на возниот ред на Евростар.

Вчера тунелот неколку часа беше затворен откако во него се запали камион.

Би можело да ве интересира

33 мигранти спасени од чамци во Ламанш

Жарко Настоски

Пронајдени мигранти во брод на Ламанш