Железничкиот сообраќај под каналот што ја поврзува Велика Британија со остатокот на Европа е запрен денеска поради дефект на електричните инсталации, соопшти управата на Евростар, компанија која е сопственик на супербрзиот воз на линијата Брисел-Париз-Лондон.
Тунелот е затворен во двата правци, така што единаесет возови на оваа линија не тргнале на одредиштата.
Ова е вторпат по ред да дојде до големо нарушување на возниот ред на Евростар.
Вчера тунелот неколку часа беше затворен откако во него се запали камион.