Труење на божиќна забава во Лондон: Околу 200 луѓе завршиле во болница

Од:

Околу 200 луѓе се хоспитализирани откако наводно страдале од труење со јаглерод моноксид на божиќна забава во Лондон, пишува Дејли мејл.

Член на болничкиот персонал, кој сакаше да остане анонимен, изјави за Дејли Меил дека се верува дека „инцидентот“ се случил во средата вечерта во ресторанот Гокиузу во лондонската населба Волтам Форест.

Како што рече, хоспитализираните, кои присуствувале на божиќната забава, првично верувале дека имаат труење со храна.

Сепак, извор од болницата наведува дека тие всушност имале симптоми на труење со јаглерод моноксид поради истекување на гас во ресторанот.

„Луѓето само беа во ресторанот и јадеа, а потоа сите почнаа да доживуваат симптоми за кои веруваа дека се поврзани со труење со храна“, рече изворот.

Тој додава дека имало вкупно околу 200 луѓе и дека биле пренесени во различни болници низ Лондон.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон