Трудо жестоко по инаугуративниот говор на Трамп: Му требаат ресурсите на Канада

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека на американскиот претседател Доналд Трамп му се потребни ресурсите на Канада за да ги реализира своите планови и Америка навистина да доживее „златно доба“.

-Трамп рече дека сака да ја воведе Америка во златно доба, а за тоа ќе бара повеќе челик и алуминиум, поважни минерали, посигурна и достапна енергија, повеќе сè за американската економија да продолжи напред со максимална брзина, рече Трудо.

Трамп во својот говор на инаугурацијата, преземајќи ја функцијата како 47-ми американски претседател, рече дека пред сè, ветува дека Америка ќе биде поголема, посилна и поисклучителна од кога било досега.

– Златното доба на Америка започнува токму сега, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп: Трудо ми се јави, повикот заврши со малку пријателска нота

А1он

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата

Канада е подготвена да му возврати на Трамп

Трудо поднесе оставка