Трудо: Канада ќе ја модернизира крајбрежната стража за околу 12 милијарди долари

Од:

Канада планира да изгради 18 нови бродови за крајбрежната стража за 11,7 милијарди долари, како дел од програмата за модернизација на застарената флота. Тоа го најави премиерот Џастин Трудо.

– Крајбрежната стража има бродови, од кои некои се стари колку и самата крајбрежна стража, рече Трудо на прес-конференцијата во Ванкувер.

Тој нагласи дека бродовите едноставно не ги задоволуваат барањата, а флотата, чии бродови се на средна возраст од 38 години, е на „работ на рѓосување”.

Уште две милијарди долари исто така се наменети за обнова на постоечки бродови, вклучувајќи поправки и одржување, додека се чекаат новите бродови.

Новите бродови, 16 повеќенаменски бродови и два арктички и офшор патролни бродови, ќе бидат изградени во канадски бродоградилишта.

Би можело да ве интересира

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада