Тројца жители на украинскиот град Славјанск загинаа во напад врз контролен пункт

Од:

Тројца жители на украинскиот град Славјанск загинаа изминатата ноќ во напад на непознати лица на еден од контролните пунктови во северниот дел на градот.

Едно лице е хоспитализирано во критична состојба.

Во моментот на нападот врз пунктот имало само невооружени локални жители, кои вообичаено вршат контрола на возилата кои влегуваат во градот и ги предупредуваат силите за самоодбрана ако се појават воени единици.

Кон местото се приближиле неколку возила, од кои бил отворен оган. Таму пристигнале борците за самоодбрана и убиле двајца од напаѓачите. Во двете возила тие откриле симболи на движењето „Десен сектор“ и големо количество оружје, кое што не е вооружување на украинската армија, јавија локални медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми