Тројца убиени, четворица ранети во спа центар во САД

Од:

Тројца се   се убиени, четворица  се ранети синоќа во американскиот град Милвоки.

Вога вооружен маж упадна во спа центар во кој работела неговата сопруга и отвори оган врз присутните.

Како што соопшти шефот на локалната полиција Даниел Таскхаус, неколку часа по инцидентот, напаѓачот, идентификуван како Редклиф Хатон е пронајден мртов. Според Таскхаус, 45-годишниот Хатон извршил самоубиство.

Таскхаус изјави  дека Хатон на полицијата и бил познат по неколку инциденти на домашно насилство, при што во последниот пред две недели бил приведен откако и ги издупчил гумиите на автомобилот на неговата сопруга.

По проверката на спа центарот, според Таскхаус, полицијата пронашла рачно изработена експлозивна направа, која содржела шише со пропан-бутан

Инцидентот се случил во спа центарот „Азана деј спа“, сместен во голем трговски центар на периферијата на Милвоки во американската сојузна држава Висконсин.

За градоначалникот на Милвоки Стив Понто,  ова е   „бесмислен чин на еден човек“.

 

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес