Тркалезна маса за излез од кризата во Украина без присуство на проруските сепаратисти

Од:

Украинската Влада организира денеска тркалезна маса за децентрализација на власта како дел од мировниот план поддржан од Европа, но на неа не учествуваат нејзините главни противници – проруските сепаратисти во источниот дел на земјата, кои прогласија независност.

На отворањето на собирот времениот украински претседател Олександар Турчинов изјави дека властите се подготвени за дијалог, но нагласувајќи дека нема да разговараат со сепаратистите, кои зазедоа згради и се борат против владините сили во источниот дел на Украина.

– Луѓето, кои со оружје в рака се борат против сопствената земја и кои ја наметнуваат волјата на соседна држава, ќе одговараат пред законот. Нема да подлегнеме на уцена. Подготвени сме да ги слушнеме луѓето од источниот дел на Украина, истакна Турчинов.

Според него, загубата на Крим и причинила штета на Украина од 100 милијарди долари.

Турчинов претседава со првата од серијата тркалезни маси, во кои учествуваат верски лидери, пратеници и претставници на централните и локалните власти. Овие преговори се дел од мировниот план на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за решавање на кризата во Украина.

Тој, исто така, додаде дека Владата нема да ја прекине „антитерористичката операција“ за враќање на контролата врз градовите во источниот дел на Украина, кои моментно се во рацете на сепаратистите.

Проруските сепаратисти во Источна Украина истакнаа дека овие преговори се бесмислени.

– Не сме добиле никаква покана за учество на тркалезна маса или водење дијалог. Ако властите во Киев сакаат дијалог, треба да дојдат тука. Ако ние отидеме во Киев ќе не уапсат, изјави лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми