Најмалку 13 лица загинаа, кога преполн автобус падна во провалија, во југозападна Кина. Во сообраќајната незгода повредени се 21 лице, од кои 10 се во критична состојба.
Кинеската државна агенција „Синхуа“ соопшти дека автобусот бил предвиден за најмногу 19 патници но, во моментот на несреќата во него се наоѓале 34 лица.
Милиони кинески државјани овие денови се враќаат во своите родни места, за дочекот на кинеската Нова година која се одржува на 10-ти февруари.