Од грип во Романија починаа 37 лица, соопшти Националниот центар за контрола на заразни болести во Националниот институт за јавно здравје.
„Последните две жртви на грип не биле вакцинирани и претходно имале здравствени проблеми. Се работи за 61-годишна жена од округот Бихор и 84-годишен маж од округот Салаж“, додава центарот за контрола.