Русија и Украина во понеделник на 7 март ќе ја одржат третата рунда разговори за завршување на непријателствата, објави украинскиот преговарач Дејвид Арахамија во објава на Фејсбук, без да даде дополнителни детали.
Претходно денеска, Михаил Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, изјави за „Страна“ дека преговорите ќе се одржат во следниот ден или два.
На 28 февруари се одржаа првите руско-украински разговори во регионот Гомел во Белорусија. Руската делегација ја предводеше помошникот на претседателот Владимир Медински. Вториот круг се одржа на 3 март во Беловежскај Пушча.